Родителите и подарија на својата ќерка вистинска тетоважа за петтиот роденден: Мајката тврди дека тоа било посебно искуство и поврзување

Родителите и подарија на својата ќерка вистинска тетоважа за петтиот роденден: Мајката тврди дека тоа било посебно искуство и поврзување

Објавена во: Совети // Семејство

Неодамна, видео предизвика доста негативни реакции на TikTok, поради тоа што родители ја носат својата 5 годишна ќерка да се тетовира.

„Нашето четиригодишно дете ја прави својата прва тетоважа. Таа наполни пет години овој викенд и ова е совршено време да ја одведам да ја направи првата тетоважа, особено затоа што првата тетоважа ја направив кога имав пет години, па ова е на некој начин посебно искуство за поврзување“, вели мајката во видеото.

Таа објасни дека девојчето сама ја одбрала тетоважата, која е минималистичка и дека одлично го издржала целиот болен процес. Таа посебно нагласи дека детето е исклучително среќно и дека смета дека тоа треба да се нормално.

Секако, ова видео ја предизвика доста негативни коментари, бидејќи навистина не е секојдневие дете да се тетовира.

„Дали е ова реално?“; „Дали е легално?“; „Мислев дека ќе се измие со вода …“; „Дали е ова безбедно за детето?“; „Никогаш не би го дозволил тоа, кога има 18 години е во ред, но со 5 нема шанси! … беа дел од коментарите.

Но, имаше и многу од оние кои изразија ентузијазам, па дури и ги споделија своите искуства каде велат дека првите тетоважи ги направиле на уште помлада возраст.

Како и да е, ова е навистина мало дете, а останува прашањето колку оваа тетоважа ќе и пречи кога ќе порасне …

А какво е вашето мислење за овој потег на родителите, пишете ни во коментар.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: