Родителите ја напуштиле како бебе бидејќи била поразлична, не знае кога точно е родена: Денес е најплатениот модел токму поради таа различност

Родителите ја напуштиле како бебе бидејќи била поразлична, не знае кога точно е родена: Денес е најплатениот модел токму поради таа различност

Објавена во: Совети // Семејство

Шуели Ебинг, тинејџерка од Кина, родителите ja напуштиле како бебе и ја оставиле пред сиропиталиштето, бидејќи изгледала поразлично од другите. 

Oваa 16-годишно дете е родено со албинизам - ретка наследна состојба која се карактеризира со недостаток на меланин, што предизвикува дифузна хипопигментација на кожата, очите и косата.


Токму благодарение на таа физичка различност, пишува Би-Би-Си, оваа млада девојка сега е модел на Вог, и е ангажирана од водечки дизајнери за нивните кампањи.

Родителите ја оставиле пред сиропиталиштето, веројатно заради старото кинеско верување дека албинизмот е проклетство.

„Персоналот во сиропиталиштето ме викаше Ксу Ли. Ксу значи снег, а Ли значи убава.“

Кога имала три години, била посвоена од семејство од Холандија, кое ѝ овозможило мирно и среќно детство, а на 11-годишна возраст Шуели ги отвори вратите кон светот на моделството.

-Ме посвоија кога имав три години и отидов да живеам со мајка ми и сестра ми во Холандија.

Во времето кога таа се родила, кинеските власти сè уште ја поддржуваа политиката за едно дете.

"Некои деца, како мене, се напуштени, други заклучени или косата им е обоена во црна ако одат на училиште. Сепак, во некои африкански земји ги ловат, им ги исекуваат екстремитетите, па дури и ги убиваат. Надрилекарите коските им ги користат за правење лекови затоа што луѓето веруваат дека може да лекува болести, но секако тоа не е точно, тие верувања се митови. Имам среќа што едноставно ме напуштија ", открива оваа млада девојка.
Нејзините биолошки родители не оставија никакви информации кога заминаа, па и денес не се знае кога ѝ е роденден. Таа дури не била сигурна колку години има всушност, но кога минатата година морала да направи рендген снимка поради повреда на раката, според тоа видео, лекарите проценија дека има голема веројатност да има 15 години.

За само пет години, таа успеа да се појави на страниците на списанието „Вог“, а соработуваше и со бројни познати модни брендови и фотографи. Со својот уникатен изглед, таа ја подигнува свеста за албинизмот и ги охрабрува оние кои се како неа да бидат охрабрени и да ја прифатат нивната природна убавина.

- Се повеќе има модели со попреченост и оние кои имаат необичен изглед. Во светот на моделите, да се изгледа поинаку е благослов, а не клетва - вели Шуели, која моментално работи во агенција и се обидува да ја смени модната, рекламната и медиумската индустрија, така што нејзините кампањи се разновидни како и друштвото.




- Луѓето би можеле да ви кажат дека не можете да направите нешто, но можете, само пробајте - вели оваа млада, инспиративна девојка.

извор:stil.kurir.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: