Розово капче за урбана, модерна и топла зима!
Зимата веќе почна, а со неа и постудените денови. Сигурни сме дека од дома не излегуваш без капа, шал и ракавици, а доколку сè уште ги носиш ланските модели или немаш идеја каква боја да одбереш, еве мал совет: одбери капа, шал и ракавици во нежно розова боја е многу актуелна оваа зима.
Освен џемперите и дуксерите што секојдневно ги носиш, твојот зимски стил неизбежно е да го надополниш со капче, шалче и ракавички кои не само што ќе те топлат туку и ќе му дадат „кул“ нота на твојот целокупен изглед.
Доколку сакаш да оставиш свој печат и да бидеш забележана, тогаш одбери капа, шал и ракавици во иста боја. Наш предлог за оваа зима дефинитивно се моделите SUPER DRY со нежно розовата боја која е апсолутен хит.