Сѐ што е убаво и на Бог му е драго: Лара Иванова го „запали“ Скијатос
Младата пејачка Лара Иванова која изминатиот период целосно и се просвети на нејзината кариера. Иако постојано е актуелна со нејзината музика, сега таа најави дека на 2-ри август ќе го објави нејзиното прво „ЕП“.
„Еден од најголемите предизвици кои досега си ги имам зададено во поглед на мојата музичка кариера. Снимање на 4 спотови во рок од 6 дена. Но, ништо не е тешко кога работиш со тим кој ги поддржува твоите идеи. Преубави 6 дена поминати со прекрасна екипа на луѓе кои неуморно работеа на реализација на овој проект – 02.08.2024. Фала ви од срце!“, напиша Лара на социјалните мрежи.
По навистина активниот период, Лара замина на одмор и уживање. Овој пат како летна дестинација го одбра островот Скијатос.
Освен што плени со нејзиниот извонреден глас, Лара ги поседува сите атрибути за успешна кариера. И стас и глас, добро синхронизирани, даваат одличен успех.
Во бели бикини, позира на жешкото сонце и ужива во проѕирната тиркизна боја на морето.
Фото: Инстаграм