Сака да живее со татко ѝ, за тоа има конфликти со мајка ѝ: Што се крие за најмладата ќерка на Џоли и Пит
Скоро цела година се зборува дека Вивиен сака да се пресели кај Бред и дека тоа е причината на лошиот однос помеѓу мајката и ќерката...
По драматичната исповед на дадилката која ги чува децата на Анџелина Џоли, популарната актерка повеќе не е симбол за совршена мајка во јавноста. Иако со години се зборуваше за начинот на кој таа и Бред Пит ја чуваат својата ќерка Шајло, интересот на медиумите повеќе не е исклучиво насочен кон неа.
Близнаците Вивиен и Нокс се нивни биолошки наследници, но се многу помалку експонирани од остатокот на семејството. Родени се на француската ревиера, во прекрасната Ница, а Нокс е роден една минута порано од неговата сестра.
Токму нивните фотографии Анџели и Пит ги продадоа на магазинот „People“ за 15 милиони долари, а потоа тие пари ги донираа во добротворни цели. Досега еднинствената информација која ја интригираше јавноста, беше фактот дека познатите близнаци се школуваат од дома.
фото: Tanjug/APНајтаинствено, можеби и најпроблематично дете
Вивиен долги години имала статус на најтаинственото дете на актерската двојка. Сѐ се промени на почетокот на оваа година, кога медиумите објавија дека Анџелина најголемата битка ја води токму со неа.
Сака да се пресели кај татко ѝ и да стане актерка
Скоро цела година се зборуваше дека токму Вивиен сака да се пресели кај Бред и дека тоа е причината за конфликтите помеѓу мајката и ќерката. Се зборуваше и дека Шајло има проблеми со мајка ѝ и дека со задоволство поминува време со татко ѝ, но ова не е потврдено.
Иако двојката можеби не сакала децата да одат по нивните стапки, Вивиен веќе се испроба во тоа. Токму на неа ѝ е доделена улогата на младата принцеза Аурора во филмот „Господарката на злото“, а на проектот работеше заедно со нејзината мајка.
Дали Шајло и Вивиен ги заменија улогите?
Шајло со години беше гледана во комбинации за момчиња, а двојката изјавуваше дека таа просто сака да биде момче. Шајло е прифатена како трансродно девојче. Покрај тоа, таа сѐ почесто се појавува во женствени изданија и нежна шминка. Од друга страна, Вивиен повеќе не ги преферира фустаните, а сега почна да си игра со стилот на постарата сестра.