Сама падна, сама се уби: Цеца ѝ ја уништи кариерата на легендарната Дорис Драговиќ!
И двете диви, но едната поитра!!!
Се чини дека веќе никој не е изненаден што за хрватската дива Дорис Драговиќ нема интерес за нејзините концерти со години, но интересно е да се спомене дека најголемата балканска ѕвезда Светлана Ражнатовиќ всушност ја уништи кариерата на хрватската пејачка уште во 2000 година, пишува српскиот Курир.
Во тоа време, Дорис најпрво ја загуби титулата кралица на ватерполистите, бидејќи беше омразена од обожавателите на сплитски Хајдук, кои дотогаш ја славеа до небото, а потоа таа реши повторно да се пробие на сцената и направи катастрофална грешка!
Набргу по објавувањето, беше обелоденето дека насловната песна на кам-бек албумот „Лице“, потпишана од Тончи и Вјекослава Хуљиќ, всушност беше плагијат на песната „Другарки“, (Другарице која Цеца ја отпеа со групата Луна.
Дефинитивен крах доживеа Дорис во Хрватска! Да ја украдеше некој друг, можеби ќе и простеа, но националните страсти се разгореа затоа што тоа беше Цеца.
Свесна за својата фатална грешка, Дорис подолго време беше повлечена. Цеца намерно не ја „патосираше“ на сцената, но тоа беше според стариот народен стил - сама падна, сама се уби.
Извор: Курир.рс