Самит ЕУ – Западен Балкан во Тирана: Утврдено времето за намалување на надоместоците за роаминг

Самит ЕУ – Западен Балкан во Тирана: Утврдено времето за намалување на надоместоците за роаминг

Објавена во: После „Школо“ // PR

На Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Тирана,претставници на мобилните оператори потпишаа заедничка декларација за следните чекори за намалување на надоместоците за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан.Со оваа иницијатива, Дојче Телеком и другите мобилни оператори, ја поддржуваат мобилноста и поврзаноста на граѓаните и бизнисите од ЕУ и Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, и Србија).

10 телекомуникациски оператори, вклучувајќи го и Дојче Телеком, се согласија на оваа заедничка иницијатива, преку намалени надоместоци за дополнително стимулирање на услугите за роаминг помеѓу двата региона.Оваа иницијатива е отворена за сите оператори од ЕУ или Западен Балкан кои сакаат да се приклучат.

Иницијатива е направена на доброволна основа помеѓу телекомуникациските оператори и покажува колку успешна може да биде соработката помеѓу индустријата, владите и меѓународните организации.Партнери на оваа иницијатива се Советот за регионална соработка и Европската комисија.

Во име на Дојче Телеком, декларацијата ја потпишаа Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком и Марк Васиќ, Раководител на меѓународна регулатива на Дојче Телеком.

Дојче Телеком и другите оператори ја поздравуваат оваа иницијатива и посветеноста на креаторите на политики во земјите на Западен Балкан за спроведување на реформи во телекомуникацискиот сектор.

Комерцијалните преговори ќе започнат веќе во 2022 година, а дефинирањето на цените ќе се претстават во мај 2023 година. Намалувањето на најмалку една тарифа за податочни услуги ќе се реализира на 1 октомври 2023 година.

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: