Само еден поглед и сѐ е јасно: Ќерката на Моника Белучи промени една работа на себе (ФОТО)
Иако мајка ѝ е една од најубавите, но и најпопуларните жени на светот, Дева Касел досега не се експонираше често во јавноста...
Сепак, би се кажало дека ќерката на светски познатата Моника Белучи израсна во преубава жена и време е јавноста подобро да ја запознае.
Во изминатите неколку дена на овогодинешната Модна недела имавме можност да ги видиме најновите, најатрактивните модели, како и оние кои предизвикаа вистинска полемика во модниот свет.
Најголемо изненадување за сите беа идентичните фустани на Ирина Шајк и Кајли Џенер, но тие не беа единствените кои го привлекоа вниманието на јавноста.
Модната куќа „Диор“ неодамна ја претстави својата колекција на модни парчиња, а помеѓу голем број познати личности од светот на модата, филмот, музиката се најде и таа, ќерката на италијанската дива Моника Белучи - Дева Касел.
Дева немавме можност често да ја гледаме во јавноста со познатата мајка, а овој пат таа се одлучи да покаже дека навистина е вредна за вниманието што го предизвика.
Deva Cassel poses during the Christian Dior photocall as part of the Haute-Couture. #PFW pic.twitter.com/yNcEPdnnfx
— @21metgala (@21metgala) January 23, 2023
Сите очи беа вперени во младата деовјка, која, според мислењето на многумина многу личи на мајка ѝ.
Таа на настанот се појави во црн елегантен фустан, а целокупниот изглед го надополни со драстичната промена на фризурата.
Сега кога има црна коса до израз доаѓа нејзината женственост, но и цртите на лицето кои јасно покажуваат од кој ја има Дева наследено убавината.
Фотографијата навистина зборува повеќе од илјада зборови... Дева израсна во преубава жена која е подготвена да го освои светот, исто како нејзината мајка.
фото: Принтскрин / Инстаграм