Само мама знае како му е: Дијана Ѓоковиќ емотивно ја доживеа драмата на мечот на Новак ФОТО

Само мама знае како му е: Дијана Ѓоковиќ емотивно ја доживеа драмата на мечот на Новак ФОТО

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра за својата 10-та титула на Австралија опен против Стефанос Циципас во финалето на првиот Грен слем сезонава во моментов.

Ѓоковиќ игра одлично од стартот и со мала мака во вториот сет стигна до големо водство од 2:0 во сетовите.

Сепак, не беше се така лесно и во еден момент Новак погреши по 4:2 и му дозволи на Гркот да израмни.

Тогаш тоа емотивно го доживеа мајката на Новак, Дијана, која овој меч го следеше од трибините.

Лицето го покрила со рацете бидејќи тој период и бил премногу тежок за гледање.

На сечија радост, Новак успеа да го освои вториот сет и да дојде до големо водство.

Натпреварот секако заврши во корист на Ноле кој го победи Циципас.



Можеби ќе ве интересира: