Самоуверена, напната или комплицирана: Што кажува за тебе бојата на лакот?

Самоуверена, напната или комплицирана: Што кажува за тебе бојата на лакот?

Објавена во: Мода // Moj стил

Маникирите се еден од омилените ритуали на многу жени. Без разлика дали ги правиш сама или работата дозволуваш да ја вршат професионалци, уредните и негувани раце привлекуваат големо внимание. Дури и доколку сакаш да експериментираш со боите, веруваме дека постои една на која секогаш и се враќаш. Можеби сметаш дека поради тоа не се крие некоја скриена причина, но омилената боја на лакот за нокти говори и за твоите карактеристики.

# Портокалова боја

Портокаловата боја е смела и ексцентрична, а доколку е една од твоите омилени значи дека си забавна и опуштена личност. Имаш самодоверба и го цениш доброто друштво, а најмногу сакаш да одиш на планинарење и спонтани излети.

# Сиви тоново

Доколку своите нокти најмногу им ставаш лак во сиви тонови, тоа никако не значи дека си здодевна личност. Сивата моја е модерна и шик, а тоа значи дека си смирена личност на која во животот и е најважен редот и мирот. Имаш јаки нерви и е ги прошиш залудно и ретко нешто може да те извади од кожа.

# Црвени нијанси

Додека класичната црвена може да значи и бес, „крвавата“ црвена боја зборува потполно поинаква приказна - секси и сензуална. Доколку најчесто се одлучуваш за овој тон на црвена боја, значи дека изразено страствена личност во сите сегменти на животот.

# Неонски бои

Неонските бои бараат да бидат видени, а личности кои ги носат сакаат да бидат во центарот на вниманието. Доколку ти си една од љубителите на неонската жолта, сина, зелена или розева боја, си душа на секоја забава и секогаш со задоволство си повикана на разни собири.

# Црна боја

Доколку најчесто одбираш црн лак за нокти тоа може да значи дека си многу чувствителна и уметнички настроена личност. Не сакаш да го споделуваш секој дел од животот со другите и изразено тие важна сопствената приватност. Креативна си и размислуваш надвор од границите, а помалку си и бунтовна.

# Сина боја

Како и кај црниот лак, синиот укажува на креативност. Но, доколку често ставаш син лак на ноктите, тоа може да значи дека и премногу размислуваш за иднината, поради што си често многу напната. Ситници може да те извадат од такт и скоро никогаш не си потполно опуштена.

# Розева боја

Нежните розеви нијанси симболизираат опуштеност и разиграност. Ја истакнуваат твојата женствена страна. Иако си нежна и романтична, знаеш што сакаш и не се плашиш да го побараш тоа.

# Неутрални нијанси

Неутралните, nude нијанси покажуваат дека си едноставна личност која не се замара со детали. Прилично си срамежлива и не сакаш да се истакнуваш, а можеш да се опуштиш само во друштво на најблиските.

# Бела

Белата е младешка боја која го истакнува твојот ведар дух и оптимистичен карактер. Ти си комуникативна и дружељубива личност и сакаш да бидеш окружена со луѓе. Прилагодлива си и успеваш да пронајдеш заеднички јазик со сите.

# Украси по ноктите

Без разлика дали сакаш да ги украсиш ноктите со едноставни или покомплицирани цртежи, низ нив ја раскажуваш својата приказна. Доколку сакаш на своите нокти да додадеш некој романтичен цвет, тоа може да значи дека си љубезна и слатка личност, а доколку се одлучиш на геометриски облици или анимални принтови, може да значи дека си малку комплицирана и тешка личност.

# Светки

Доколку сакаш да си играш со светкави лакови за нокти, тоа може да значи дека животот го живееш 100 на саат и постојано испробуваш нешто ново. Малку си немирна и не можеш да бидеш мирна ни полавина час, но во тоа не гледаш проблем. 

# Проѕирен лак

Доколку најчесто се одлучуваш за лак што се проѕира, тоа значи дека успешно се справуваш со животните ситуации. Важно е дека си уредна и негувана, но не сакаш да претеруваш. На проблемите во животот им пристапуваш со ладна глава и секогаш имаш решение.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: