Се ишара со пенкало - еве како да ги отстраниш дамките!
Се ишара со пенкало - еве како да ги отстраниш дамките!
Го знаеш она чувство кога омилениот дуксер ќе го намачкаш со маркер или пак со омилените фармерки ќе седнеш на гума за џвакање? Еве ти неколку начини како да ги отстраниш здодевните дамки:
Мастило - дамката помини ја со алкохол, лак за коса или средство за дезинфекција. Потоа исплакни со ладна вода.
Чоколадо - отстрани го вишокот чоколадо, па на тоа место капни неколку капки средство за миење садови.
Домат - на дамката нанеси алкохолен оцет, па потоа полека со четкичка за заби истриј го местото.
Гума за џвакање - стави ги фармерките во замрзнува и кога мастиката ќе се стврдне, само извади ја.
Крв - наводени ја дамката со хидроген пероксид (можеш да го најдеш во секоја аптека) и испери со ладна вода.