Се наближува денот на мајката: 5 идеи како да ја оставите вашата мајка без зборови
Ви гарантираме дека овие идеи се толку одлични што ќе ја разнежнат секоја мајка...
Не мора да купувате скапи подароци за да ѝ покажете на вашата мајка колку ви значи. Само сетете се дека е Ден на мајката и изненадете ја со некоја ситница или убав гест, а тоа сигурно ќе ја расположи и ќе ја остави без зборови.
Во продолжение ви даваме листа од 5 предлози со кои нема да погрешите:
# Букет / еден цвет
Цвеќето е ултимативен подарок кој е идеален за секоја ситуација. Има нешто во цвеќето, бидејќи секогаш ги разнежнува луѓето. Без разлика дали станува збор за поголем букет или на пример смао една ружа или некој друг цвет, тоа е мал подарок кој ќе покаже дека си се сетила на Денот на мајката. Ова можеш да го купиш било каде, од цвеќара до локалните трговски центри каде бабички продаваат цвеќе.
# План за заедно да го поминете денот
Ако знаеш дека мајка ти е слободна тој ден и нема никакви обврски, смисли како заеднички да го поминете денот. Можете да одите на прошетка, на кратко патување до некоја блиска дестинација, да изгледате филм заедно, да одите на кафе и благо, до зоолошка градина... исполнете го попладнето со заеднички активности - на ова ниту една мајка нема да може да оддолее. Направете и неколку заеднички фотографии и создадете убави спомени кои долго ќе ги паметите.
# Напишете ѝ писмо или песна
Доколку сте малку кративни може да пробате нешто вакво. Доколку имаш талент за пишување, можеш на мајка ти да ѝ напишеш писмо или песна, убаво да ја украсиш, да ја ставиш во плико и да биде како вистинско писмо. Сети се на сите работи кои твојата мајка заслужува да ги слушне секој ден. Можеш да напишеш што сакаш на неа, поради што твојата мајка е најдобра, вметки некој сладок спомен, што и да ти падне на ум, нема правила. Можеме да се обложиме дека мајка ти ова ќе го чува како највредно богатство на светот.
# Кутија со изненадувања
Оние кои имаат поголем буџет и сакаат да ѝ купат нешто на мајка си, добра идеја е да се направи кутија со изненадувања. Ти треба било каква кутија која ќе ја украсиш и во која можеш да ставиш различни ситници кои знаеш дека твојата мајка ќе ја развеселат. Нејзиниот омилен десерт, омилената козметика, книга доколку сака да чита, престилка доколку сака да готви, миризлива свеќа, парфем, честитка... состави буџет и купи неколку ситници, наполни ја кутијата, а доколку сакаш да бидеш дополнително слатка, на секој производ што ќе го ставиш во кутијата, напиша по една слатка порака.
# Голема прегратка
И немој да го заборавиш најважното, што и да одлучиш да ѝ подариш на мајка ти, задолжително на сето тоа додај и една најголема прегратка. Дури и само ова може да биде доволно за подарок. Важен е гестот, а не колку пари се потрошени.
фото: Shutterstock