Се надевам на некое од првите места: Трајче Ѓоргиев пред учеството на Макфест

Се надевам на некое од првите места: Трајче Ѓоргиев пред учеството на Макфест

Објавена во: Stars // Музика

Вечерва започнува 34 - тото издание на Фестивалот за музика „Макфест“. Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во 20:00 часот ќе започне првата полуфинална вечер.

Еден од учесниците е младиот Трајче Ѓоргиев, кој јавноста го запозна на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. Тој ќе дебатира оваа година со песната „Си одиш ти“, која е комплетно дело на Тоше Поп - Симонов.

Оваа можност ја искористивме за да го прашаме дали е подготвен и колку е возбуден пред настапот.

„Постои некоја позитивна трема, затоа што Макфест е еден фестивал низ кој поминале многу врвни уметници, не само од Македонија, туку од целиот Балкан. Но, сепак најважно е учеството на еден ваков реномиран фестивал и како дебитант оваа година се надевам дека ќе помине се како што треба.“ - ни кажа Трајче.

Нескромен и сигурен во себе и својата песна, на прашањето што очекува додаде - „Искрено се надевам на некое од првите места.“


И.М.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: