Се огласија децата на Бритни Спирс: Им пречат фотките на кои е разголена, таа го прозва постариот
Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на Бритни Спирс со кој има два сина - Џејден и Престон, учестуваше во документарецот за својата поранешна сопруга. Во емисијата се појавија и нејзините синови кои сега имаат 15 и 16 години.
Некогашниот танчер Кевин Федерлајн, кој од првиот брак има два сина, со Бритни Спирс два и со третата сопруга три деца, откри како изгледало растењето на децата на Бритни, но и дека синовите му кажале дека би сакале еден ден да седнат и да поразговараат со мајка им.
Џејден и Перстон открија дека ја сакаат својата мајка, дека им недостасува, но и дека се свесни дека поради нејзините ментални проблеми морале да живеат со татко им.
„Ова семејство ни даде сѐ. Знаеме дека сѐ траело предолго, но и баба (мајката на Бритни Спирс) и вујко ни се добри кон нас“ - кажаа момчињата кои сега имаат 15 и 16 години од својот семеен дом, коментирајќи го старателството над мајка им кое траело скоро една и пол деценија.
Федерлајн во текот на интервјуто откри дека синовите ѝ посакале среќа на Бритни кога се мажела за Сем Асгари, но и дека не сакале да присуствуваат со оглед на неодамнешните разголени фотки кои пејачката ги објавуваше на социјалните мрежи.
„Не го повика целото семејство, немојте погрешно да ме сфатите, среќен сум поради неа, но не беше време да одиме. Се надевам дека еден ден ќе бидеме во можност да седнеме и да поразговараме за сѐ со неа“ - кажа Џејден.
По емитувањето на документарецот од семејниот дом на Кевин Федерлајн, кој се наоѓа на само неколку километри од вилата на Бритни вредна 10 милиони, пејачката реши да се огласи на Инстаграм.
Најпрво на синовите им порача дека многу ги сака, им се извини за сѐ, им објасни дека има право на 40 години да објавува фотки какви што објавува, особено што е жена на која 15 години ѝ било забрането сѐ, а потоа жестоко „удри“ по нивниот татко.
„Би било убаво да имаше работа и да работеше нешто во последните 15 години. Верувам дека е кул да се има татко кој дува трева и кај кој не мора да пишувате домашни задачи“ - напиша Бритни, а потоа го прозва и синот Џејден, кој во документарецот зборуваше за нејзиното ментално здравје:
„Драго дете, пред да проговориш било што за мојата интелигенција, би морал прво да прочиташ книга. И кажи му на татко ти дека би можел да ја искоси тревата“.