Се омажи Кортни Кардашијан: Венчаницата беше сосема неочекувана (ФОТО)
Ова не беше една типична свадба на член од семејството Кардашијан...
Кортни пред некое време се омажи за Тревис Бејкер во Лас Вегас, но бидејќи не стануваше збор за венчавка која е валидна, двојката не чекаше долго за да ги направи работите „како што треба“.
Кога е во прашање венчавка на Кардашијан очекува сѐ да биде „over the top“, но Кортни уште еднаш покажа колку се разликува од своите сестри. Многумина токму неа ја издвојуваат како онаа што е најприземна и која не подлегнала на пластичната хирургија. Кортни отсекогаш била и најприродна.
Иако вистинската венчкавка допрва треба да следува, за почеток сѐ било скромно. Немало никаква голема свеченост, гламур и 1.000 гости. Барем засега, бидејќи како што пишува „Daily Mail“, наскоро се подготвува голема и раскошна свеченост во Италија. Кортни и Тревис се венчаа во матично, каде присуствуваа бабата на Кортни и таткото на Тревис. Никој друг. Овој пат, за разлика од Лас Веган, венчавката е официјална.
Она што сите посебно ги изненади е венчаницата. Со оглед на тоа што стануваше збор само за потпишување, немало потреба да се претерува со комбинацијата. И така Кортни се омажи во краток бел фустна, а фотографиите ги направија папараците.
Сега, сите ја очекуваат големата венчавка во Италија, бидејќи изгледа дека тоа ќе биде вистински спектакл.
фото: Принтскрин / Инстаграм