Се покажа дека Зејн заслужил да биде оставен: Се дозна дека ја изневерувал Џиџи со ријалити ѕвезда

Се покажа дека Зејн заслужил да биде оставен: Се дозна дека ја изневерувал Џиџи со ријалити ѕвезда

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Уште една дополнителна причина поради која Џиџи и Зејн повеќе никогаш нема да бидат заедно...

Иако главната причина за разделбата на Џиџи Хадид и Зејн Малик беше големата кавга и наводното насилство, помеѓу него и нејзината мајка, сега се дозна и дека тој ја изневерувал Џиџи со британската ријалити ѕвезда.

Оваа двојка веќе некое време се пред дефинитивна разделба, повеќе не живеат заедно и својот романтичен однос го ставија на пауза, а изгледа дека ситуацијата нема ни да се поправи, бидејќи се појавија информации дека пејачот ја изневерувал. Не знаеме зошто на некој би му паднало на ум да ја изверува Џиџи Хадид, но Зејн наводно се гледал со британската ријалити ѕвезда. Станува збор за Аби Кларк, која раскажа дека налетале еден на друг во бар во Лос Анџелес и дека така почнало сè.

Аби на своите пријателки им раскажала дека Зејн ја однел во својата соба која помалку изгледала како некоја зандана, нешто како да дошла директно од филм како „50 нијанси на сиво“, пишува „The Sun“. Таа мислела дека тој и Џиџи се разделиле, но како што дознала подоцна, сепак уште биле заедно и сега одлучила да ја разотрие нивната афера, бидејќи се чувствува лошо поради тоа.

Аби во Велика Британија е позната како ријалити ѕвезда од нивното шоу „The Only Way Is Essex“. По првата средба размениле броеви и редовно се слушале, а првпат приватно се виделе кај него дома, кога и двајцата се вратиле во Англија. Дури и додала дека Зејн неколку пати и споменал дека го потсетува на неговата поранешна, Пери, и дека неа уште ја немал преболено. Сега повеќе не се гледаат, а дури и извори блиски на Зејн потврдиле дека тие двајца еден период редовно се дружеле.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: