Се помоли на Бога пред новиот предизвик: Марко Пејчиновски е подготвен да го преплива Охридското езеро (ФОТО)

Се помоли на Бога пред новиот предизвик: Марко Пејчиновски е подготвен да го преплива Охридското езеро (ФОТО)

Откако пред четири години, на само 12 години го преплива Охридското езеро и покрај здравствените проблеми односно некрозата на ногата, Марко Пејчиновски стана херој и пример за издржливост, посветеност и љубов.

Сега, тој се подготвува за уште еден голем пливачки подвиг. Имено, Марко на големиот празник Голема Богородица, во недела на 28 август, ќе го преплива по десетти пат Охридското езеро, на релација Охрид - Струга - Св. Наук - Охрид, во должина од 64 километри.

По овој повод се огласи на својот Фејсбук профил, каде сподели фотографија на која се моли за успешно да реализира својот подвид.

„Господе, како и пред три години и денес велам: „Нека биде волјата твоја!“ Спремен за големиот подвид - за освојување на езерот и 64 километри“ - напиша Марко покрај фотографијата, направена во една од црквите во Охрид.


фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира: