Се прошири лажна фотографија од Гомез од Мет Гала: Стана популарна, а Селена не ни била таму (ФОТО)
Фотографијата стана популарна, а некои не ни знаеја дека не е вистинска...
Селена Гомез нема присуствувано на Мет Гала од 2018 година, а обожавателите со задоволство би сакале повторно да ја видат на овој настан. За жал, тоа не се случи ни оваа година, а некои отидоа дотаму и во Фотошоп ја однесоа на црвениот килим на Мет Гала.
Оваа година на Мет Гала не беа некои познати имиња како Блејк Лајвли или Хејли Бибер, а една од нив е и Селена Гомез. Или? На Интернет се прошири нејзина фотографија од овогодинешната Мет Гала и луѓето сега ја лајкуваат и споделуваат, бидејќи Селена изгледа одлично. Сѐ е супер освен тоа што тоа не е навистина Селена. Ниту оваа година не се прошета на црвениот килим во Њујорк, но некои толку сакаа да ја видат таму, што со помош на Фотошоп сепак ја однесоа на црвениот килим. Толку добро ја направија лажната фотографија, што некои поверуваа дека е вистинска. Главата на Селена ја ставија на телото на актерката Лили Џејмс и нејзината модна комбинација од минатата година.
SELENA GOMEZ DID A SURPRISE APPEARANCE AT THE #MetGala WTF pic.twitter.com/qnGxuUKsRK
— (@kevormez) May 2, 2023
Во описот напишаа дека Селена неочекувано се појавила на црвениот килим. Фотографијата го заобиколи светот и веќе ја виделе повеќе од 22 милиони луѓе, а има и речиси половина милион лајкови и многу коментари. Фотографијата ги доведе луѓето во заблуда, а за да се избегне забуна, под фотографијата е додадено известување дека е лажна. Она што е особено интересно е тоа што облеката на Селена од Мет Гала доби најмногу лајкови - поточно најмногу лајкови од било која друга модна комбинација од овогодинешната Мет Гала.
фото: Принтскрин / Инстаграм