Малата Ива со знамето на грб горда Македонка: По „Мотори“ сега емотивно ја пее „Заветна“
Малата Ива Стојкоска е слатко девојче oд Кичево. Кога имаше две годинки таа стана позната во јавноста со изведбата на песната „Мотори“ на добро познатата група „Дивље јагоде“.
Често ја гледаме како обожува да пее и да се дружи со микрофонот, а овој пат Ива воодушеви со една македонска песна. Со македонското знаме околу неа, оваа слатка девојка ја пее „Заветна“ од Бојана Скендеровски.