Се вери со милионер од Египет: Со што се занимава 23 - годишната ќерка на Бил Гејтс?

Се вери со милионер од Египет: Со што се занимава 23 - годишната ќерка на Бил Гејтс?

Џенифер, ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс се вери со своето долгогодишно момче Најџел Насар, кој е од Египет и е милионир. 

Оваа среќна вест ја споделија на Инстаграм со заедничка фотографија, покрај која Џенифер напиша: „Нејџел Насар, ти си единствен. Апсолутно ме нокаутира минатиот викенд, изненадувајќи ме на една од нашите најзначајни локации на кои споделивме многу страсти. Не можам да дочекам заедно да го поминеме остатокот од нашите животи, во ќе учиме, растеме, смееме и сакаме. Да, милион пати“.

Инаку, 23 - годишната Џенифер е најстара од трите деца на Бил и неговата сопруга Мелинда. Во младоста посетувала приватно основно и средно училиште и имала нормален живот. Студирала биологија на универзитетот Стенфорд во Стенфорд, Калифорнија. Се грижи за студиите и откако ќе ги заврши сака да постигне успех, како и нејзиниот татко.

Не е инволвирана во ниту една професија. Таа е љубител на јавањето коњи и професионално има учествувано на неколку натпревари во јавање. Се зборува дека таа уште од рана возраст е посветена на ова хоби. Рангирана е на 19 - тото место во скокање од страна на Сојузната коњичка федерација.

Исто така, Џенифер ги следи стапките на нејзините родители во однос на филантропијата. Таа стана „EQUUStar“ за поддршка на фондацијата EQUUS, која работи во областа на заштита на работата со коњи. Во 2018 година, таа исто така ги повика своите следбеници на Инстаграм да учествуваат во непартискиот настан „Возење за нашите животи“ против насилството со оружје во училиштата.

Можеби ќе ве интересира: