Се верува дека Ким Кардашијан е проколната: Сакаат да ѝ се забрани влез на стадионите, бидејќи имаат доказ дека носи лоша среќа
Еве зошто навивачите не сакаат да ја гледаат на стадионите...
Ким Кардашијан беше во Лондон како гостин на натпреварот на Арсенал, а потоа престојуваше во Париз, каде со синот Сент го следеше натпреварот помеѓу ПСЖ и Рен.
Можеби се прашувате како тоа Ким оди на фудбалски натпревари? Според американските таблоиди, Ким снима документарен филм за фудбалот.
Својата популарност ја искористила за Сент да го запознае со Нејмар и Килијан Мбапе. На Нејмар во порака на Инстаграм му посака брзо заздравување, а на претседателот на ПСЖ му е заблагодари што му ги исполнил соништата на нејзиниот син.
Но, на Интернет по нејзината посета почна да кружи една необична теорија. Имено, навивачите забележале дека кога била гостинка на натпреварите на Арсенал и ПСЖ и двата клуба доживеале неуспех и порази, иако биле фаворити.
:
— B/R Football (@brfootball) March 19, 2023
Kim Kardashian is at the Emirates and Arsenal are eliminated from the Europa League.
:
Kim Kardashian is at the Parc des Princes and PSG lose 2-0 to Rennes.
Kardashian curse pic.twitter.com/GusRlDcgSM
Арсенал по пеналите изгубил од Спортинг и така испадна од Европската лига.
На ПСЖ ова му беше прв пораз оваа сезона, а со резултат 0:2 против Рен, прекината е низата од 35 натпревари без пораз на сопствен терен. Сега кога на стадионот се појави Ким, ПСЖ изгуби и со тоа го прекина серијалот со победи кој траеше повеќе од 2 години.
Луѓето пишуваат дека дури и големиот Меси бил потполно немоќен поради несреќата која Ким Кардашијан ја донела со себе и дека и двата фудбалски клуба биле апсолутни фаворити, а сега изгубиле поради американската старлета.
Многу фанови на фудбалот отидоа толку далеку што побараа од управата на клубовите да ѝ се забрани влез на стадионите на Ким.
Arsenal
— CBS Sports Golazo (@CBSSportsGolazo) March 19, 2023
PSG
The Kim Kardashian curse continues. pic.twitter.com/a1W7YHFXOb
фото: Принтскрин / Инстаграм