Сега знаеме како изгледал моментот во кој Емили добива шишки: Тоа е помалку драматично од сцената во филмот (ВИДЕО)
Иако била во рацете на професионалци, актерката нервозно се смешкала. Сепак, тоа е голема трансформација...
Лили Колинс за потребите на снимањето на серијата „Emily in Paris“, морала да си направи шишки.
Сите ја знаеме сцената во која Емили, во моментите на прилична емоционална растроеност, стои пред огледало, со ножици во рацете, уверувајќи се самата себе дека тоа мора да го направи и дека сѐ е во ред, бидејќи тоа е Парис.
Emily in Paris with an important reminder...
— Netflix (@netflix) December 22, 2022
Sometimes people cut bangs and everything is FIIIIIIIINE!!!!!!!! pic.twitter.com/rIZkyMHRWQ
Но, не ги ишишала сама, како што е прикажано во серијата, туку се препуштила на рацете на професионалците.
Во објава на Инстаграм, гледаме како Лили трпеливо седи на столче, додека фризерот Грегори Расел, внимателно ѝ ја сече косата, прамен по прамен. Без шишки и облечена во розова сатенска наметка, актерката нервозно се смешка, за време на трансформацијата.
Лили во обајвата му за заблагодари на Грегори што ја воведе во нова ера, додека Грегори во коментар напиша: „Колку сум среќен, што токму јас можев да ги направам тие шишки“.
Инаку, шишките кои ги носи Емили Купер, се нарекуваат и „Birkin Bangs“. Такви шишки се носеа во 60-тите, а ги популаризираше актерката и пејачка Џејн Биркин.
Фризурата на Емили е безвременска, па веруваме дека сега многу девојки ќе ја бараат во фризерските салони.
фото: Принтскрин / Инстаграм