„Секогаш биди среќна, ништо помалку не ти одговара“: Анастасија ѝ го честиташе роденденот на Цеца, јавно и испрати емотивна порака
Музичката дива Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска слави роденден, а честитки стигнуваат од сите страни.
Нејзината ќерка Анастасија беше меѓу првите кои и го честиташе роденденот на Инстаграм. Имено, таа преку инстаграм приказна и испрати порака на мајка си, а заедно со нивната заедничка фотографија и испрати и емотивна порака.
„Среќен роденден на најдобрата мајка во светот! Биди секогаш среќна! Ништо помалку не ти одговара! Те сакам!“.
Инаку, Цеца денес важи за една од најголемите балкански ѕвезди. Кариерата ја започна како Светлана Величковиќ, со познатиот хит „Цветак зановетак“. После тоа, таа стана голема ѕвезда. Објави 16 албуми, кои се продадени во седум милиони примероци, што ја прави една од најпродаваните српски уметници на сите времиња.
„Го жртвував моето детство за доброто на мојата кариера. Имав цел. Не можеш да имаш се во животот, треба да се откажеш од нешто", изјавила во една прилика Цеца.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs