Селена Гомез има нов албум: Кои песни им ги посвети на Џастин Бибер и Д Викенд?
Обожавателите веќе успеаа да дешифрираат некои од текстовите. Што имаше Селена да каже за поранешните момчиња?
По неколку години, Селена Гомез конечно го издаде новиот албум. Се вика „Rare“ и има 13 песни. Првите песни од албумот кои ги претстави на јавноста беа „Lose You To Love Me“ и „Look At Her Now“, кои очигледно говореа за врската со Џастин Бибер. И изгледа дека овие две песни не се единствени.
Последниот албум кој го издаде Селена беше „Revival“, тој од 2015 година, а од тогаш многу работи се променија во нејзиниот живот, но и музика. Новиот албум е сосема личен, што покажаа и првите две песни од него кои веќе некое време се објавени. Зад Селена има неколку тешки години, од борбата со болеста до љубовните бродоломи. Во двете песни сосема е јасно дека пее за врската со Џастин Бибер, а сите ги интересираше дали на албумот ќе има уште песни за поранешните љубови. Сега се знае одговорот на ова прашање - ДА.
Обожавателите шпекулираат дека песната „Fun“ е за кратката врска која ја имаше со пејачот Д Викенд. Песната зборува за забавната и несериозната врска која Селена ја имаше, а во текстот се спомнува дека имало малку комплицирани и чувствителни ситуации. Во рефренот пее дека знае дека нејзината моментална љубов не е „the one“, но дека се забавува.
Поинтересен дел се сепак песните за Бибер. Освен претставените две, на албумот обожавателите пронајдоа уште неколку песни чии текстови сугерираат дека станува збор за нивната врска.
# People You Know
Во оваа песна Селена упатува на целото време кое го потроши на врската со Бибер. Цело време раскинувале и се враќале еден на друг и така скоро 10 години. Жали за сето тоа време кое го потрошила на нешто што не успеала.
# Can You Off
Исто како и „Lose You To Love Me“ и оваа песна говори за тоа дека треба да се пушти минатото и се што те врзува за него за да се пронајдеш себе си.
Доколку сакаш да ги слушнеш и останатите песни, целиот албум на Селена, песна по песна, го има на нејзиниот јутјуб канал.