Селена Гомез објави селфи без шминка и воодушеви: Четири причини зошто сите сакаат да ја следат оваа девојка на социјалните мрежи (ФОТО)
Отворена, искрена и инспиративна - еве како на своите обожаватели им дава добри примери...
Селена Гомез на Инстаграм објави селфи без шминка и ја означи Мајли Сајрус.
Во описот на фотографијата напиша „Violet chemistry“, со што го поддржа осмиот студиски албум на Мајли - „Endless Summer Vacation“. Во стиховите од песната се споменува „виолетовата хемија“, па Сајрус ѝ остави емотикон срце во коментари.
Селена уште еднаш покажа како изгледа без грам шминка и колку е природно убава. Можеби би кажале „no big deal“, уште едно селфи без шминка. Но, во светот на филтерите и фотошопирањето на фотографиите до совршенство, сите обожаваат кога ѕвезди од нејзиниот калибар објавуваат толку едноставни фотографии и покажуваат дека изгледаат како и сите други луѓе на планетата.
Ако уште не сте, еве неколку причини зошто би требало да ја заследите Селена на социјалните мрежи:
# Многу е природна
Со самото тоа што во светот на совршените луѓе кои ги гледаме на социјалните мрежи, гледаме некој со сите маани и позитивни страни, ја добиваме пораката дека е сосема во ред да се биде несовршен. Селена нѐ учи да се сакаме, да се чувствуваме убаво и удобно во своја кожа.
# Се спротивставува на „bodyshaming“
Поради автоимуната болест и лековите кои ги зема, Селена има неколку килограми повеќе од пред неколку години. Ова беше причина за хејтерите да почнат да ја исмејуваат на социјалните мрежи, особено кога фотографиите направени од папарацо фотографите ја здогледаат светлината на денот. Иако некогаш ја погодуваа коментарите на странците, Селена е многу созреана и знае дека не треба да прави ништо освен да се сака себеси, да се грижи за својата работа, семејство, пријателите и вистинските обожаватели.
# Говори за менталното здравје
Кон крајот на минатата година го објави документарецот „My Mind & Me“ во кој ја прикажува својата внатрешна борба. На социјалните мрежи исто така вниманието го насочува кон важноста на менталното здравје и зборува за своите проблеми со биполарното пореметување, анксиозноста и депресијата. Со оглед на тоа што психичките проблем до пред некоја година беа табу тема, добро е што една јавна личност проговори за таа проблематика и ја крева свеста во општеството за различните состојби со кои многумина се борат, а не се ниту свесни или уште полошо - свесни се, но се срамат да побараат помош.
# Нѐ научи како да бидеме над конфликтот
Иако приказната со Џастин е одамна завршена за неа, изгледа дека неговата сегашна сопруга Хејли Бибер и нејзината пријателка Кајли Џенер сепак имаат потреба и понатаму да се закачаат. Хејли и Кајли ја исмеваа Селена на социјалните мрежи, поради што обожавателите на Селена полудеа и почнаа да им се потсмеваат на овие две познати дами, па така тие набрзо станаа најомразените личности. Наместо да се радува, Селена побара од своите обожаватели љубезност и да ги замоли да ги смират страстите. Со ова таа покажа дека е позрела од Кајли и Хејли и дека нема да падне ниско и на нивните провокации да одговара со провокации и навреди.
@laurenisgossip Selena is standing up for Hailey during all of this while Justin stays silent….Hailey girl
original sound - Lauren Pop Culture Gossip
фото: Принтскрин / Инстаграм