Селена Гомез откри детаљ од минатото: Едно нешто ја кочело во актерската кариера
Сигурни сме дека не ѝ било лесно...
Селена Гомез е една од многуте актери кои својата кариера ја започнаа уште во тинејџерските денови. Токму тој факт ѝ задал проблеми за време на растењето во актерскиот свет.
Многу познати ѕвезди кои своите кариери ги започнале уште како деца во тин сериите на Дизни се пожалија на многу работи кои им ги донеле улогите во нив. Една од нив е и Селена Гомез која во едно неодамнешно интервју откри дека Дизни кариерата во детството ја некој начин ѝ ја отежнала онаа сериозната, актерска кариера во која се наоѓа денес, како што пишува „Just Jared“. Имено, првата улога на Селена беше во серијата „Barney & Friends“, која им беше омилена на сите деца кои ја следеа.
Таа серија на некој начин ја прослави, па потоа добиваше уште улоги во цртаните, филмовите и сериите на Дизни. Но, токму тоа ја кочеше во нејзиниот пат кон актерската кариера како возрасна.
„Чувствував дека на луѓето им е многу тешко да ме сфатат сериозно“ - кажа, а тоа е заради тоа што сите и понатаму ја доживувале како девојче од популарните тинејџерски серии и филмови. На крајот напомена и дека успеала да го отстрани тоа чувство на несериозност, но дека ѝ биле потребни многу сериозни улоги.