Селена Гомез се огласи по кавгата со Хејли Бибер: Бидете љубезни и размислете за менталното здравје на другите (ВИДЕО)
Изгледа дека се смирија неодамнешните тензии помеѓу Селена Гомез и Хејли Бибер и Кајли Џенер...
Селена Гомез неодамна повика на „љубезност“ среде кавгата на ТикТок со Хејли Бибер.
Кон крајот на февруари, Гомез објави дека ќе земе пауза од социјалните мрежи среде драмата, но веќе на почетокот на март пејачката се врати на ТикТок со туторијал за шминкање, а во коментари ги замоли обожавателите да бидат љубезни и свесни за менталното здравје.
„Ви благодарам и сите многу ве сакам. Длабоко сум благодарна за секој од вас луѓе. Ме правите неверојатно среќна“ - напиша.
@riristea Selena Gomez Returns To TikTok, Sends Message To 'Be Kinder' Amid Hailey Bieber Drama #haileybieber #selenagomez #selenators #rarebeauty #rhodeskin #haileybaldwin #popculture #celebgossip #riristea #entertainmentnews #celebritynews #celebnews #rivetsoro original sound - RiRi’s Tea
„Ве молам, ве молам, бидете љубезни и размислете за менталното здравје на другите. Срцето ми е тешко и ви посакувам добро на сите. Целата моја љубов“ - додаде во своето ТикТок видео.
фото: Принтскрин / ТикТок