Серијата „Sex Education“ останува без сѐ повеќе актери: Уште еден лик нема да го гледаме во новата сезона

Серијата „Sex Education“ останува без сѐ повеќе актери: Уште еден лик нема да го гледаме во новата сезона

Објавена во: Stars // Филм

Ова е веќе трета личност која најави дека нема да биде во новата сезона...

Пред почетокот на снимањето на новата сезона, серијата останува без сѐ повеќе актери. Што е штета, бидејќи е толку добра, а заминувањето на сѐ повеќе и повеќе ликови не сугерира на ништо добро. Овие денови уште една актерка објави дека деновите во „Sex Education“ се зад неа.

Засега три актерки се изјаснија дека нема да ги гледаме во новата сезона на серијата, а сѐ се случуваше во рок од неколку денови. Со оглед на тоа што новата сезона не е ни близу емитувањето, сѐ плашиме од тоа што уште може да се случи. Патриша Алисон, која ја игра Ола и Симон Ешли, која сега ние  позната од „Бриџертон“ објавија дека си заминуваат од „Sex Education“.

На нив две, сега им се придружи и Тања Рејнолдс, која ја глуми Лили.

И таа заминува и нема да ја гледаме во четвртата сезона. За „Radio Times“ ја откри оваа голема вест, но како и останатите две актерки, и таа има добра причина поради која заминува. Таа вест ја објави кога ја промовираше својата нова комедија „I Hate You“. Одлучила да се фокусира на неа и така за жал „Sex Education“ мораше да остане без Лили. Објасни и дека е нормално да се случува тоа во сериите каде што има многу ликови. Едноставно на луѓето им излегуваат нови проекти помеѓу сезоните, како и подобри понуди поради кои заминуваат.

Таа ги обожавала снимањата и ликот кој го глумела, но како што вели, три сезони за неа биле доволни. Дефинитивно ќе ни недостасува Лили и нејзината блесавост.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: