Сестра се онесвестила на породувањето кога ја видела: Девојчето со синдром на врколак е едно во милион
Рабиатул Адавија на својот ТикТок често објавува видеа од девојче кое боледува од т.н. синдром на врколак или хипертрихоза...
Се запознале случајно, за време на посетата на медицинската установа, и од тогаш често се гледале. ТикТокерка објавува видеа со девојчето, кои се многу популарни, а за тоа говорат милионските прегледи.
Како што пренесува порталот edziecko.pl, Рабиатул Адавија го запознала девојчето кога била на рутински преглед со детето. Во чекалната ја запознала Мисклијен, девојче кое боледува од синдром на врколак, и нејзините родители. Меѓу нив се развиле симпании и разбирање, па одлучиле да продолжат да се дружат. Од тогаш Адавија редовно споделува видеа со малата Мисклијен.
На овој начин ТикТокерката сака да ги разбие табуата поврзани со болеста хипертрихоза. Тоа е генетско пореметување кое е карактеризирано со прекумерна влакнетост на телото. Овој синдром ги прогонува и жените и мажите и може да влијае на различни делови на телото. Многу често се присутни и густи влакна на лицето, поради што оваа состојба е тешко да се сокрие. Случаите со хипертрихоза се познати долго време. Синдромот првпат е опишан во 17-от век.
Кај личностите со хипертрихоза, хирзутизамот се појавува на различни делови на телото. Најчесто ги погодува рацете, трупот, нозете, а исто така и лицето, што е посебно непријатно за луѓето кои страдаат од оваа ретка состојба.
ТикТокерката истакнува дека сака да ја подигне свеста за ова пореметување, па затоа објавува видеа со девојчето. Нејзините родители, секако, се согласиле на ова. За корисниците на ТикТок да не ја навредуваат малата Мисклијен, под видеата се забранети коментарите. Покрај тоа, ТикТокерката секако се соочува со омраза.
@rabiatuladawiyah8896 Terjumpa baby viral yg comel ni kat HOSP Anugerah ALLAH .. #fyp #foryou #viral #babycomel #tiktoksarawak Tuhan Jagakan Dia - Motif Band
Како што пренесува порталот edziecko.pl, родителите кажале дека девојчето е така родено.
„Докторот не знаеше што е причината. Дежурната сестра се онесвести веднаш по раѓањето на детето“ - кажала мајката на девојчето.
фото: Принтскрин / ТикТок