Шајло Џоли Пит ги изненади сите со промената на изгледот: Се откажа ли од промената на полот?

Шајло Џоли Пит ги изненади сите со промената на изгледот: Се откажа ли од промената на полот?

Објавена во: Мода // Moj стил

Девојчето кое израсна пред очите на јавноста и медиумите, сега се појави во потполно поинакво издание од она на кое сме навикнати...

Меѓу најпознатите деца во Холивуд, без сомнение, се и шесте наследници на некогаш една од најпопуларните двојки, а денес поранешни сопружници во борба за старателството над истите тие деца. Се разбира, тоа се децата на Анџелина Џоли и Бред Пит, кои помеѓу обожавателите и медиумите се познати како децата на „Бранџелина“. Исто како и нивните познати родители, Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Вивиен и Нокс - привлекуваат внимание каде и да се појават. Истиот случај се случи и пред неколку дена кога актерката беше фотографирана за време на шопингот со Захара и Шајло, а целото внимание го украде нејзината 14 - годишна биолошка ќерка.

Имено, Шајло од најрана возраст јасно покажуваше дека себеси се смета за момче, па нејзините комбинации на облека, како и нејзината фризура, отсекогаш биле многу повеќе машки, отколку за девојчиња. Тинејџерката која поминува низ процесот на промена на полот и се смета за модерен претставник на ЛГБТ заедницата, на црвените килими исто така се појавуваше во машки костум, па не е изненадувачки фактот што нејзиниот најнов „аутфит“ предизвика толку големо внимание во јавноста.

За шопингот со нејзината мајка и сестра, која штотуку го прославија својот 16 - ти роденден, Шајло се одлучи за малку поинаква комбинација на облека од онаа во која сме навикнале да ја гледаме. Па така, таа вообичаената машка облека, овој пат ја замени со кратки тексас шорцеви, црн дуксер, високи „старки“ и кожен ранец, а целата комбинација ја заокружи со косата, која суптилно ја имаше собрано во женствена пунџа.

Тинејџерката, чиј процес на промена на полот се одвива под будното око на јавноста и медиумите, сега ја покажа и нејзината друга страна, па многумина на социјалните мрежи коментираа дека ова е нејзиното најженствено издание досега. „Од момче до шик девојка“, се некои од коментарите за новиот имиџ на 14 - годишната наследничка на Џоли и Пит.

Навистина, мора да се согласиме - девојчето изгледаше поженствено од кога било. Дали се согласувате со оваа проценка?


Фото: Profimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: