Шест месеци во љубов: Мартија го покажа момчето?

Шест месеци во љубов: Мартија го покажа момчето?

Објавена во: Stars // Музика

Мартија Станојковиќ е една од најпопуларните млади музички ѕвезди во нашата држава. Со својот изглед и глас освојува каде и да се појави. Важи за една од најубаво облечетените ѕвезди, а и многу внимава што споделува на социјалните мрежи. 

Секоја нејзина фотографија што ја објавува, па дури и оние на Инста стори се точно одмерени и убаво одбрани. Но, овој пат изненади со едно интересно стори, а станува збор за една мала интимна прослава.

Имено, таа сподели стори од романтична вечера, а на истото напиша „1/2“ и емотикон срце. По она што може да го видиме најверојатно е прославување на половина година од љубовната врска на Мартија и момчето кое ѕирка на фотографијата.

На следното стори е најверојатно нејзиното момче, Милан Илиќ кој во рацете држи подарок.

Иако, на профилот на младата пејачка се уште нема заеднички фотографии, на Инстаграм профилот на Милан имаат една заедничка фотографија, а како изгледаат кога се еден до друг погледнете во продолжение. 


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: