Шијакоска од рајскиот остров порача: Планирав голема забава за 30-ката ама и вака не е лошо(ФОТО)

Шијакоска од рајскиот остров порача: Планирав голема забава за 30-ката ама и вака не е лошо(ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако планирала голема забава за 30-от роденден со семејството и пријателите, животот за неа подготвил нешто друго. Познатата битолчанка Александра Шијакоска слави во далечниот Маурициус.

„Планирав голема забава за 30ката ама и вака не е лошо. Ич не се бунам“ - напиша Шијакоска на Инстаграм стори позирајќи на лежалка на далечниот егзотичен остров.

Шијакоска минатата година се соочи со тешка операција на тумор на мозокот. 

На денот на роденденот се потсети на тешките мигови и сподели дека мислела оти минатата година ќе го слави последниот роденден.

„Си собрав неколку од пријателите и семејството и сакав да имаме заеднички спомен по кој ќе ме памтат. Сакав да ме памтат каква што отсекогаш сум била. Насмеана, среќна и полна со живот. Не сакав да ме памтат како Александра која се плаши од смртта. И навистина не се плашев, во ниеден момент. Длабоко во себе знаев дека мојата приказна не завршува тука и на ваков начин. Господ не ги остава своите деца сами и незаштитени. Година дена подоцна го славам мојот 30ти роденден на остров во Африка“ - напиша Шијакоска.

Таа додаде:

„Прв пат славам роденден без семејството и пријателите и малку ми недостигаат, но сега имам два родендени па вториот ќе го прославиме заедно со нив. На 10-ти полнам една година од мојот нов живот. А вие драги мои пријатели да сте здрави, живи и весели. Да имаме здравје, среќа и љубов, само тоа не се купува со пари, за се друго напорно ќе работиме за да си го оствариме“.


ФОТО: Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: