Шик фризура која можат да ја направат и најголемите антиталенти: Ја носевме како деца, а сега е на тренд број 1 за ова лето
Фризурата со плетенки кои го врамуваат лицето е хит за ова лето...
Мораме да признаеме дека во лето некако најмногу ни недостасува инспирација, кога станува збор за впечатливи фризури, а една од причините е и тоа што навистина немаме сила со часови да седиме пред огледало и да правите фризури на температури повисоки од 40 степени.
Исто така, во летниот период, со која било фризура, клучно е косата да биде подалеку од лицето и да се потрудиме да го задржиме чувството на свежина што е можно повеќе, па затоа ретко носиме друга фризура, освен високо коњско опавче или пунџа...
Сепак, ова лето ситуацијата е поинаква, па инспирацијата не недостасува кога станува збор за впечатливи фризури.
Така, оваа сезона како апсолутен тренд се издвојуваат плетенките, и тоа не било какви, туку оние кои што сме ги носеле како деца.
Сигурни сме дека досега сте забележиле дека модниот свет ги прифаќа ретро трендовите, па така оние кои некогаш биле во центарот на вниманието сега се повторно во фокусот.
Вистински пример за тоа е фризурата која ова лето ги освои сите социјални мрежи, а станува збор за минималистични плетенки кои убаво го врамуваат лицето.
Освен што е идеална за било кој тип на коса, оваа фризура многу лесно може да ја направат и најголемите аматери. Идеална е за малку полежерен изглед на плажа или лежерна прошетка низ градот, а сигурни сме дека лесно ќе се вклопи во било која ваша комбинација.
фото: Принтскрин / Инстаграм