Шон Мендес пушти брада: Девојките се разочарани бидејќи тврдат дека воопшто не му одговара (ФОТО)

Шон Мендес пушти брада: Девојките се разочарани бидејќи тврдат дека воопшто не му одговара (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Велат дека изгледа многу повозрасно...

Новата промена на лицето на Шон Мендес не ги воодушеви сите негови обожаватели. Прво, порано оваа година ги изненади сите кога ја скрати косата, а сега пушти брада. Едвај го надминаа кратењето на косата, а сега направи нова промена.

На прв поглед никој не го препозна! Шон Мендес на многу девојки им е симпатија од светот на познатите, а како не би бил кога е пресладок. Но, како што расте, така го менува својот изглед. Тоа не е толку изненадувачки, сети се само и на твоите промени низ годините. Прво долгата коса ја замени со кратка, а сега пушти и брада, за која добар дел од девојките во коментари пишуваат дека не му стои. За жал, ќе мора да се сложиме со нив. Дефинитивно новиот изглед му стои чудно и изгледа многу повозрасно. Кога некој ќе каже Шон Мендес, во главата ни се создава ваква слика:

А, сега тоа е минато и Шон изгледа вака:

Тешко е да не се забележи колку се променил, а тоа го истакнуваат и луѓето во коментари под оваа нова објава. Најпопуларниот коментар е од една негова следбеничка која кажа дека Шон Мендес повеќе не изгледа како Шон Мендес. Колку и да звучи чудно таа изјава, сепак има смисла. И не е единствена која го искоментира тоа, има уште такви коментари. Некои и понатаму тагуваат по косата, а други тврдат дека со брада изгледа постаро или болно.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: