Што нè очекува во сезона 3 од најпопуларната тинејџерска серија Riverdale?

Што нè очекува во сезона 3 од најпопуларната тинејџерска серија Riverdale?

Објавена во: Stars // Филм

Среда, 10-ти октомври, датумот што сите го чекаме. Зошто? Бидејќи излегува третата сезона од нашата најомилена серија - Riverdale. Ако досега не сте чуле за неа, сега е моментот да ги симнете првите две сезони и да почнете да ја гледате, а ние ви гарантираме дека ќе се „навлечете“ по првите неколку изгледани епизоди.

Накратко, станува збор за едно мало гратче наречено Ривердејл, во кое се случуваат многу мистериозни работи. Серијата започнува со убиството на младиот тинејџер Џејсон Блосом и тоа го размрдува цел град, бидејќи дотогаш тоа било мирно местенце. Но, тоа е само почеток на распадот. Освен полицијата, по убиецот трагаат и неговите соученици, кои ги испробуваат нивните детективски способности и откриваат длабоки и болни тајни.

А сега да се навратиме на очекувањата. Што може да донесе третата сезона?


На прв поглед, од трејлерот може да се запрашаме многу работи: што ќе се случи со Арчи, дали Шерил ќе им се придружи на „Змиите“ (The Serpents), зошто Алис и Поли ги држат близнаците над огнот?  

Знаеме дека на крајот на втората сезона, Арчи беше приведен, а на трејлерот го гледаме слободен, а згора на тоа има и „Змиска“ тетоважа? Дали бил принуден да стане дел од нив, или можеби тоа е само привремена заштита? 

Исто така, знаеме дека втората сезона заврши со тоа што Шерил ја облече црвената кожна јакна на „Змиите“. Што значи тоа, дека и таа ќе стане дел од нив? Авторот на Riverdale - Roberto Aguirre Sacasa изјави дека „Шерил не ги следи правилата секогаш - а тоа важи и за „Змиските“ правила“.

Најбизарната сцена во трејлерот е дефинитивно таа во која Алис и Поли ги држат близнаците над оган, придружени од некои луѓе околу нив, сите се облечени во бело и наликуваат на некој култ. Кутрите бебиња!

Од друга страна тука се Вероника и нејзиното семејство. На трејлерот ја слушаме Вероника како му кажува на татко ѝ дека што и да прави за да ги раздели неа и Арчи, тие нема толку лесно да се предадат. На крајот на втората сезона го видовме тимот на Хајрам, но сè уште не знаеме кој е неговиот голем план за градот Ривердејл. 

Ова се само дел од мистериите кои ќе се разоткријат во новата сезона која започнува од утре.

Photo credits: The CW.

Кике Цветче

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: