Што ново носи вештачката интелигенција кај новите Galaxy S24 телефони?

Што ново носи вештачката интелигенција кај новите Galaxy S24 телефони?

Светот од филмовите каде со секој допир на екранот на твојот мобилен телефон се отвораат нови димензии на корисничко искуство повеќе не е само фикција или желба, туку стана реалност со новата серија Samsung Galaxy S24 - технолошки скапоцен камен што ќе ги трансформира твоите секојдневни искуства со напредните технологии и Galaxy AI* вештачката интелигенција вградена во уредот и ќе ги направи твоите најважни моменти незаборавни, а комуникацијатауште повеќе олеснета.

Станува збор за телефоните Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra чиј дизајн овојпат доаѓа во уште пософистицирана форма. Со своите потенки и изедначени рамки, целата серија Galaxy S24 нуди поголеми екрани без зголемување на физичката големина на телефонот. Galaxy S24+ може да се пофали со дисплеј од 17 сантиметри (6,7 инчи), додека Galaxy S24 импресионира со дисплеј од 15,7 сантиметри (6,2 инчи). Galaxy S24 Ultra се издвојува со рамен екран од 17,2 сантиметри (6,8 инчи), кој е оптимизиран и за гледање и за продуктивност.. Сите три модели имаат оценка IP68 за отпорност од вода и прашина и се зајакната со Armor Aluminium рамка, додека Galaxy S24 Ultra поседува и цврста заштита од титаниум вградена во рамката и поголема отпорност од гребнатини на екранот со Corning® Gorilla® Armor.  

Фотографирај и снимај како професионалец

Подготви се за врвно искуство со фотографирањето бидејќи камерата на Galaxy S24 Ultra е првата камера на Galaxy паметен телефон што има систем Quad Tele со кој ќе создаваш појасни и почисти фотографии во опсегот на оптичкиот зум што го користиш.Камерата од 50 MP сега доаѓа со 5x оптички зум. Дури и на 5x зум, живописните ефекти на Nightography се забележуваат дури и на слаба светлина, при што ќе добиешподетални фотографии и видеа од порано, благодарение на решението AI Zoom. Новиот ProVisual engine поддржува целокупно фотографско искуство како што е висока резолуција, Super HDR, AI Zoom, Nightography и Помош за фотографирање. Исто така, екранот на Galaxy S24 Ultra има подобра видливост поради поголемата осветленост од 2600 нити и новото Corning® Gorilla® Armor.

Galaxy S24 и S24+ доаѓаат со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можеш да снимаш динамични крупни кадри. Новата функцијаProVisualengine, која ја користи моќта на AI зумирањето, ги подобрува деталите и боите за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум.

На слаба светлина можеш да сликаш фотографии со намален шум со функцијата Nightography, а благодарение на наменетиот ISP Block, ќе можеш Nightography да ја аплицирате и наNiсо селфи камерата. На дофат ти е и уредувањето на фотографии со помош на AI па така, ако да го фатиш кадарот како што сакаш, со опцијата генеративно уредување може да ја пополниш позадината, да ги отстраниш несаканите предмети и сл. Со оваа иновативна технологија за вештачка интелигенција ќе можеш да користишгенеративно уредување (Generative Edit) за да ги трансформираш и подобриш своите фотографии секој пат кога тоа ќе го посакаш. Без двоумење, со помош на овие и уште многу AI функции кај камерите на уредите од серијата Galaxy S24, на твоите фотографии и снимени содржини ќе може оправдано да им се доделат епитетите уметнички или професионални фотографии и видеа.

Супер алатки за продуктивност


Серијата Galaxy S24 исто така носи револуционерни организациски способности со вештачка интелигенција.Со функцијата Помош за белешки (Note Assist)  ќе креираш резимеа и ќе форматираш минути, додека помош за транскрипција (Transcript Assist)ќе ги конвертира твоите говорни белешки во текст и ќе ги сумира, па така твоите секојдневни обврски ќе бидат поефикасни и извршени за пократко време.


Подготви се за најдоброто! Новата функција за олеснето онлајн пребарување е подобра од што можеш да замислиш:Заоружи за пребарување (Circle to search) ти овозможува веднаш да најдеш информации за објект на слика, личност во видео, предмети во портрет или било што друго што во моментот го гледаш на екранот, со едноставно притискање и држење на копчето за почеток и со заокружување на екранот. Пребарувањето е овозможено од Google и претставува пионерски чекор во интуитивното пребарување, кој ќе ти ја отвори вратата за нови димензии на истражување и поврзување со дигиталниот свет.

Некој спомена гејминг?

Galaxy S24 Ultra се напојува со мобилната платформа Snapdragon® 8 Gen 3 Galaxy, која заедно со подобрените стапки на освежување од 1-120 Hz и напредниот систем за ладење обезбедува супериорни перформанси и ефикасност. Така, серијата Galaxy S24, освен за снимање и уредување видео со високи перформанси и мултитаскинг, идеална е за мобилни игри. Сметај дека победата е твоја бидејќи побрзото процесирање ќе ти ја даде моќта што ти треба за да играш колку што сакаш со графички ефекти во реално време со следење зраци за хиперреалистични сенки и рефлексии.

Во исто време, Galaxy S24 Ultra може да се пофали со најсветлиот екран во историјата на серијата Galaxy, кој достигнува осветленост до 2600 nits. Оваа исклучителна осветленост заедно со функцијата Vision Booster ќе имаш одлична видливост во сите светлосни услови.

Боите во кои можеш да ги имаш овие уреди се прекрасни, инспирирани од минерали и тоа кобалт виолетова, килибирана жолта, оникс црна и мермерно сива за Galaxy S24 и Galaxy S24+, додека пак Galaxy S24 Ultra доаѓа во титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и титаниум жолта боја. Што се однесува до меморијата, со Galaxy S24 и Galaxy S24+ можете да бирате опции за меморија до 512 GB, додека со Galaxy S24 Ultra дури и до 1 TB.

Специјална промотивна понуда за преднарачки


Уште многу кратко време е останато да ја искористич промотивната понуда која трае до 24.01.2024 за да нарачаш еден од новите модели Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra и заштедете до 7.500 денари, бидејќи добиваш двојно повеќе меморија по цена на основната варијанта. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.


*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/



*пр-објава

Можеби ќе ве интересира: