Што се случува со нашето тело кога гледаме хорор филм?

Што се случува со нашето тело кога гледаме хорор филм?

Објавена во: Филм, Наука

Без разлика дали сте љубител на хорор филмовите или не, ако многу се исплашите, тоа верувале или не може да ви делува добро. Тоа е така затоа што хорор филмовите го „залажуваат“ природниот одговор на вашето тело, предизвикуваат страв, но тој страв е забавен бидејќи не постои вистинска закана. Еве што се случува со вашето тело додека гледате страшни сцени.

Забрзано чукање на срцето

Првото нешто што ќе го забележите по некоја страшна сцена е забрзано срцебиење. Освен тоа, ќе почнете и забрзано да дишете бидејќи во такви тензични ситуации, на вашите мускули им треба кислород во случај да треба брзо да бегаат или да се спасат. Во вакви ситуации, ќе забележите и дека сте суперсвесни за сè околу вас и полесно можете да ги забележите непријателите - дури и лажните. Па затоа кога ќе наидете на многу страшна сцена во филмот, мозокот му вели на телото „АЈДЕ“ и вие најверојатно ќе писнете или потскокнете.

Имате наплив на хормони

При првите страшни сцени на филмот, ќе надојдат и хормоните. Првиот е кортизол - хормонот кој е одговорен за стрес. А потоа доаѓа адреналинот - хормон кој го стимулира вашиот мозок. Овие два хормони го известуваат вашето тело дека во близина има нешто опасно - иако не е вистинска опасност - и создаваат тензија и страв кај вас.

Ќе добиете буквални морници

Вашата реакција при гледање хорор филмови е поврзана со кардиоваскуларниот систем, а тоа значи дека крвта не се движи насекаде подеднакво. Вашите мускули имаат поголем проток на крв бидејќи треба да сте подготвени да срипате во секој момент; а органите кои немаат толку битна функција во овој процес добиваат помал проток на крв, на пример органите на дигестивниот систем.

На крајот треба да се чувствувате убаво

На крајот на филмот, вие треба да се чувствувате исто како и главниот лик, дека сте го преживеале цел тој хорор и страв и сега сте во ред. Ова важи за љубителите на хорор филмови, а има и психолошка причина за тоа. Научниците објаснуваат дека во тие тензични моменти кога гледате хорор филм, во вашето тело се произведува и допамин - невротрансмитер кој прави да се чувствувате убаво.

Но и покрај ова, некои луѓе не сакаат хорор филмови. Според некои социолози, секој не реагира исто во такви ситуации. На пример, ако некој имал страв од кловнови како мал, нема да ужива во филмот “IT“ бидејќи нема да се чувствува сигурно.

Photo credits: Shutterstock images

Кике Цветче

Објавена во: Филм, Наука

Можеби ќе ве интересира: