Што треба, а што не треба да јадете за време на менструацијата?
Болките за време на менструацијата може да бидат непријатни и да ве спречат во завршувањето на секојдневните обврски.
Постојат продукти кои ќе ви помогнат да се спасите од болките, но постојат и такви продукти кои ќе ја поттикнуваат и зголемуваат болката. Затоа придржувајте се до режимот за здрава исхрана.
# Чаеви - пијте што е можно повеќе
Чај од жалфија, две шољи дневно, а можете да го пиете и 2 - 3 дена пред почетокот на циклусот и тоа помеѓу оброци. Камилицата е добра за намалување на болкити и е добро да ја пиете 3 - 4 пати на ден. Чајот од семе од ким ги олеснува менструалните тегобии и ги спречува грчевите. Пијте по една шоља чај три пати на ден. Добри се и чаевите од лист од малина и ароматичниот чај од анасон.
# Конзервирана храна
Храната, како чипс и онаа од конзерви, која содржи голема кочина натриум, додатно може да ги зголеми болките во желудникот и да предизвика повраќање.
# Леб
Препорака е да јадете леб од чисто жито, сите интегрални житарици и нивните производи, а да го избегнувате белиот леб, лиснатите и пржените теста.
# Месо
Бидејќи месото содржи големо ниво на масти, кои може да предизвикаат воспаление и болка, треба да се избегнува. Можете да јадете бело месо или риба.
# Млечни производи
Добро е да пиете одбрано млеко и млечни производи, по можност од органско потекло, пробиотски јогурт и свежо младо сирење, а секако да го избегнувате полномасното млеко и сирење.
# Добри додатоци во исхраната
Корисно е да зимате и одредени додатоци во исхраната, првенствено омега 3 масни киселини, витамин Е и В1, калциум и магнезиум.
# Благо
На благото е тешко да се одолее, но важно е да го избегнувате за време на циклусот. Ќе ви го поправи расположението на кратко, но ќе поттикне болка во желудникот. Доколку сакате да внесете малку шеќер, јадете јаболка, банана, круша или диња.