Си купи стан во Белград и заплака: Српскиот јутјубер откри што му се случило и го покажа новиот дом (ВИДЕО)
Една од најголемите желби на популарниот јутјубер Андрија Јовиќ од Лесковац, беше да купи стан во Белград, што успеа да ја оствари...
Андрија Јо кој минатата година беше во Турција на операта која долго ја сакаше, откри дека имал компликации околу купувањето на станот од неговите соништа, но не ја криеше среќата што конечно ја исполнил својата нејголема желба, па пушти и по некоја солза.
„Го остварив својот најголем сон, купив стан! Откако се преселив во Белград, најголема желба ми беше да купам свој стан во овој град и постојано сонував за тоа, секојдневно им зборував на сите колку го сакам тоа, можеби и премногу ги замарав луѓето околу себе со тоа, а и себе. Дури себе се притискав дека тоа мора да се случи што порано, заборавав на своите години и себе си ја префрлав вината, но со ова уште еднаш се докажа дека најважно е да имаш зацртана цел и дека таа ќе ти се оствари“ - напиша јутјуберот.
„Неверојатно сум многу горд на себе, бидејќи целиот мој труд вредеше и бидејќи успеав да си купам свој стан од соништата на годините кои ги имам. На сите луѓе околу мене им е добро позната мојата реченица: „Нема на глупости да фрлам пари, морам да си купам стан“ и вредеше“ - наведе Андрија и додаде:
„Во видеото кое најверојатно ќе го снимам наскоро во станот, ќе ви зборувам колку компликации имав околу купувањето на овој стан, кој го бркам скоро една година, но се заљубив во него на прв поглед и бев упорен, како што гледате ги надминав сите препреки и успеав“.
„Наскоро почнува реновирањето, средувањето и секако вселувањето, а сето тоа ќе може да го следите на мојот канал! И за крај, ви благодарам на поддршка во сите овие години колку што сум присутен на социјалните мрежи, заедно сме заслужни за ова“ - порача јутјуберот на Инстаграм и сподели видео на кое плаче од среќа.
фото: Принтскрин / Инстаграм