Сигурно сите го имате гледано култниот филм: Како изгледа денес познатата Пипи Долгиот Чорап?

Сигурно сите го имате гледано култниот филм: Како изгледа денес познатата Пипи Долгиот Чорап?

Објавена во: Stars // Филм

Ингер Нилсон, актерка од Шведска, беше првата девојка која го толкуваше ликот на Пипи Долгиот Чорап на филмското платно...

Во далечната 1970 година, беа снимени серијата и филм по истоимената книга на шведската авторка за деца Астрид Линдгрен.

Иако се поминати многу години откако на малите екрани ја гледавме во приказната во која се мешаа реалноста и фантазијата, веруваме дека препознатливата насмевка на актерка веднаш асоцира на необичното девојче со пеги, најпознатиот измислен лик.

Катрин Ингер Моника Нилсон, има 63 години и денес живее во Стокхолм и работи како секретарка, а повремено се појавува во некоја театарска претстава. За улогата на Пипи Долгиот Чорап со која многумина израснавме, во 1975 година ја освои наградата „TP de Oro“ за најпопуларен лик.

Нилсон и подоцна се појави во неколку филмови и серии. Во 2000 година ја сними „Gripsholm“ на режисерот Хавијер Колер, а седум години подоцна глумеше во германската ТВ серија „Der Kommissar und das Meer“.

Во продолжение погледнете како изгледа денес:



фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: