СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Андреј, момчето кое за 10 години се гледа на светски ревии!
18 - годишниот Пајмакоски Андреј е млад и надежен модел. Живее во Прилеп, каде и учи во гимназијата Мирче Ацев.
Фотографиите кои тој ги споделува на социјалните мрежи дефинитивно ќе ве освојат од прва, но интересно е тоа што ова младо момче покрај моделингот, има и интересно хоби.
Имено, Андреј обожава слободно време да го поминува во цртање, во кое како што вели и самиот се заљубил неодамна.
За 10 години се надева дека неговиот труд и самодоверба ќе го однесат на светски ревии и секако на проекти за големите брендови.
И.М.