СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Ангел Јунтев – економистот со прекрасен глас!

СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Ангел Јунтев – економистот со прекрасен глас!

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Ангел Јунтев е младо и талентирано момче кое има 16 години. Ученик е во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ на економскиот смер. Љубовта кон музиката на овој иден економист му се родила сосема спонтано, а се појавила по посетите на многубројни концерти.

Родителите на Ангел први го забележале неговиот талент, а веќе една година професионално се занива со музика. Се уште нема своја песна, поради тоа што смета дека е рано за тоа, но затоа на неговиот youtube канал можете да најдете неколку кавери.


Има освено две први места на училишните натпревари, трет лауреат на фестивалот „Езерски бисери“ и многу дипломи. Кога е на сцена буквално се препушта на моментот и вели дека тоа чувство не може да го опише со зборови.

Покрај часови по пеење кај професорката Ана Костадиновска, Ангел е активен и во спорот. Фудбалот и ракометот се спортовите преку кои ја троши вишокот енергија, но редовно посетува и теретана.

Ова момче ветува многу, а откако ќе го слушнете како пее и вие ќе го делите истото мислење. Нашата редакција му посакува многу среќа во исполнувањето на зацртаните планови!

И.М.

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Можеби ќе ве интересира: