Симпатија на неделата: Екатерина Георгиева
Оваа недела наша симпатија хип - хоп танчарката Екатерина Георгиева.
Ека има 13 години и е од Струмица. Таа се занимава со хип - хоп танцување и досега зад себе има многу успеси. Оваа година таа и нејзината екипа од студиото за хип -хоп танци One Way Dance Studio учествуваа на Државно првенство во модерни танци и освоија второ место.
Ека летово на првото издание на Street Summer Jam Festival го освои првото место во dance battle. Таа ни откри дека ужива да танцува и дека тоа ја исполнува.
Во продолжение погледнете еден од настапите на Ека и One Way Dance Studio.