СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Марија Цветановска, младата битолчанка која освојува со својот глас!

СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Марија Цветановска, младата битолчанка која освојува со својот глас!

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Овонеделна симпатија е младата Марија Цветановска. Оваа 15 годишна тинејџерка е деветто оддление и учи во О.У. „Стив Наумов“. Доаѓа од Битола, а од својата осма година пее и свири клавир.

Марија учествувала на детскиот фестивал СИ – ДО, а има освоено и многу награди на меѓународни натпревари. На 1 – ви Мај ќе настапи на фестивалот „Sanremo Junior“, кој се одржува во Италија.

Интересно кај оваа млада и надежна пејачка е тоа што освен љубовта кон музиката, има огромна љубов кон спортот. Имено, нејзино хоби е одбојката на која се труди да и посвети дел од своето слободно време.


Нашата редакција и посакува многу успеси на Марија, како на претстојниот фестивал, така и во понатамошното остварување на своите цели!

И.М.

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Можеби ќе ве интересира: