СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Синоокиот пејач Марио Арангеловски!
Оваа недела наша симпатија е 23 годишниот кумановец Марио Арангеловски. Тој е студент на Филозофскиот факултет во Скопје, а музиката ја негува уште од мали години.
Имено, ова синооко момче се има појавено на многу музички натпреварувања како во Македонија, така и во соседните земји (Србија и Бугарија). Тој зад себе има и неколку песни, а периодов некако стагнира на музички план.
Во последниот период тој се пренасочи со „јутјуберството“, но тоа не го прави сам. Негов партнер во ова е пејачката Ивона Јовановиќ.
Важи за едно момче кое нема влакна на јазикот, а своите ставови знае и јавно да ги напише на социјалните мрежи. Нашата редакција му посакува многу успеси во неговата кариера!