СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Вероника Иванова
Вероника Иванова од Штип, ученичка во 9 одд. во ООУ „Ванчо Прке“. Вероника ја сака уметноста, но најмногу од се' ужива да црта.
Постојано црпи инспирација од природата. Кога има слободно време, сака да чита книги на англиски јазик, да излегува со пријателите и другарките, да оди на прошетки.
Постојано работи на својот талент, а својата дарба ја користи и за учествување на многу ликовни конкурси на кои освојува и награди. Вероника е пример за урбано девојче и секако заслужува да биде симпатија на неделата.