Сите детали посочуваат на тоа: Една од најубавите жени во светот се породи во тајност?

Сите детали посочуваат на тоа: Една од најубавите жени во светот се породи во тајност?

Објавена во: Совети // Семејство

Иако тоа се уште не е официјално потврдено, постојат шанси манекенката Џиџи Хадид да го родила своето прво дете!

Џиџи и пејачот Зејн Малик не зборуваа многу за бременоста, но познато е дека предвидениот термин за породување бил во септември. Иако еден од најубавите парови не зборува ништо по ова прашање, членовите на семејството на Џиџи на социјалните мрежи како да открија дека таа се породила.

Имено, нејзиниот татко Мохамед Хадид на Инстаграм сподели писмо упатено до бебето:

„Драго мое внуче, тоа сум јас, а моето срце не може ниту да ја сфати среќата која ја чувствувам. Ти ги посакувам сонцето и месеченита, ти посакувам најубав живот и да знаеш дека дедо секогаш е тука, бидејќи јас ќе направам сѐ за тебе, љубов моја. Кога слушнав дека ќе ни пристигнеш, се насмеав и ги избришав солзите. Пуштив солзи, бидејќи веднаш знаев дека моето срце ќе ти припаѓа тебе.“ - напиша таткото на Џиџи.


Тој се обрати и на својата ќерка: „Посакувам да ти кажам дека те сакам и дека сум горд на тебе“.

Сомнежите дека бебето пристигна на светот се зголемија кога Бела Хадид сподели фотографија со сестра си. Додека Џиџи во рацете го истакнува трудничкото стомаче, Бела ја направи сличната поза со својот стомак:

„Две бебиња, освен што моето е тука од хамбургери, а на Џиџи е од Зејн. Ве сакам неописливо и не можам да престанам да плачам!“


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: