Сите заеднички фотографии исчезнаа од социјалните мрежи: Дали раскинаа Теодора Џехверовиќ и Нино Челевиќ?
Иако имаа најмногу лајкови, сега не се достапни за јавноста...
За врската, евентуалниот брак, но и разделбата на Теодора Џехверовиќ и Нино Челебиќ често се зборуваше, но и пишуваше во медиумите. Мометално, озборувањата за разделбата повторно се „загреаја“ и тоа поради неочекуваниот потег на главните актери.
Имено, пејачката и кошаркарот повеќе не се следат на Инстаграм и сите заеднички фотографии ги имаат избришано или сокриено од своите профили. Двојката често се огласуваше на социјалните мрежи - споделуваше фотки од домот, но и од патувањата, меѓутоа, како што забележуваме, ниту една повеќе не е достапна за јавноста.
Неодамна, Теодора во еден разговор со медиумите истакна дека се „надева дека Нино ќе биде со неа за Нова година“, нагласувајќи дека во овој период се подготвува за својот настап пред Собранието на Србија за најлудата ноќ.
На прашањето како би изреагирала ако ја запроси на сцената, одговори:
„Најдобро можно, за мене и за него, но тоа се некои работи кои човек не може да ги планира ниту да ги смисли. Тоа е оставено на момчето, а девојката може да очекува во својата глава. За такви работи, треба да се остави на времето, да не му се прави притисок на партнерот, туку кога ќе го почувствува тоа“ - зборуваше таа.
фото: Принтскрин / Инстаграм