Сите зборуваат за Ника Тошиќ, но каде е постарата Атина? Нe ги сака медиумите, ниту социјалните мрежи, не би ја препознале на улица
Сега таа е сериозна тинејџерка која веројатно нема да ја препознаете доколку ја сретнете на улица
Јелена Карлеуша не беше сама во февруари кога беше на патување во Париз.
Всушност, таа е во најубавото друштво - таму беа нејзините ќерки Атина и Ника.
Девојките ни ја покажаа и ноќната панорама на градот од терасата на нивниот хотел, а позираа во стил на топ модели.
Помладата Ника тогаш ги воодушеви следбениците со навидум сосема обично парче облека, но и со романтична фризура која целосно се вклопи во класичната париска сцена, а во далечината се наѕираше Ајфеловата кула.
И додека е активна на популарната платформа „TikTok“, нејзината постара сестра одамна не сме ја виделе.
Никаде ја немаше со месеци, ја нема ни на мрежите... Сега веќе е сериозна тинејџерка која веројатно нема да ја препознаете доколку ја сретнете на улица.