Сјај за усни, доволен за да се нашминка цело лице!
Сите љубители на шминкањето особено се радуваат на новогодишната ноќ, затоа што тогаш можат да си „поиграат“ со некој сјаен „мејк ап“, а никој да не ги гледа со чудење. Но, уште поголема радост ќе ви биде кога ќе го видите револуционерното шминкање, кое го измисли една блогерка за убавина.
Таа се вика Katie Butt и нејзино единствено „оружје“ е сјајот за усни. Да, звучи неверојатно, но неа неколку нијанси на сјај за усни ѝ послужуја за сѐ. Сјајот го користи и како подлога и како хајлајтер, а со него прави и контури и ги обликува веѓите.
Нејзиниот конечен резултат е феноменален и сигурно ќе го привлече вашето внимание, а видеото може да го погледнете ОВДЕ.